Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност, a ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец.

Од Управата за хидрометеролошки работи информираат дека максималната температура ќе се движи од 31 до 41 степени.

И утре ќе се задржи сончево и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината.

Поради топлото време, колозовите се суви, па сообраќајот на државните патишта се одвива непречено.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сепак, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите.

ПРЕТХОДНА ВЕСТЃубрето ги раскара Теута Арифи и граѓаните на Тетово
СЛЕДНА ВЕСТХрватите рекордно штеделе и во услови на пандемијата