Кој е понеодговорен, граѓаните или градоначалничката? Ова прашање се поставува откако зовреа социјалните мрежи поради сметот во општина Тетово.

Кавгата почна откако Теута преку Фејсбук се пожали и ги „искара“ граѓаните за неодговорно одлагање на сметот надвор од контејнери, додека пак Тетовчани ѝ возвратија дека таа е неодговорна бидејќи нема каде да го фрлаат ѓубрето на локации како што се православните гробишта.

-Тоа што вчера некој го фрли неодговорно некој денес треба да го чисти, напиша Теута на Фб помеѓу другото, приложувајќи „невкусни“ фотографии од местото каде е расфрлано ѓубре.

На оваа нејзина објава реагираа и невладини организации кои пак ја обвинија Теута дека е неодговорна, образложувајќи дека на локацијата кај православните гробишта граѓаните нема каде да го фрлат сметот, додавајќи дека тоа не е едниствена таква локација во градот.

Од невладиниот сектор ја нарекоа градоначалничката неодговорна, додека пак од партијата Алијанса на Албанците, и посочија на градоначалничката дека не се граѓаните нечисти, тука таа, потенцирајќи дека на најслабата градоначалничка конечно и текнало нешто да направи со депониите во градот.

ПРЕТХОДНА ВЕСТАктивни 1.994 ковид случаи – најмногу во Скопје и Тетово, надлежните апелираат невакцинираните да се вакцинираат
СЛЕДНА ВЕСТТопло време со натпросечни температури