Aкциите со канабис предизвикаа вистинска мешаница на финансиските пазари во 2017/2018 година, но сега берзата би можела да добие ново опојно средство. Се работи за „волшебни” лековити печурки на канадскатата компанија IPO Шампињон-Брендс кои може да ги доведат инвеститорите во нов бизнис предизвик.

Веќе не станува збор за активните состојки кај канабисот тетрахидроканабинол (ТХЦ) и канабидиол (ЦБД), туку супстанциите псилоцибин и псилоцин кои се содржани во т.н. волшебни печурки.

Според експертите многу малку истражуваниот псилоцибин, кој главно се јавува кај специјалните видови печурки, влева медицинска и терапевтска надеж. За активната состојка се вели дека е погодна за третман на нарушувања на зависност, анксиозност, мигрена и депресија.

За целосно да ја испитаат потенцијалната ефикасност на оваа супстанца, голем број истражувачки институции ширум светот сега се занимаваат со активната состојка.
Во 2016 година, две американски студии дури требаше да докажат дека псилоцибинот може да ја ублажи вознемиреноста и депресијата кај луѓето со тежок карцином, пренесува порталот Индикатор.

Според тоа, угледот на супстанцијата, која веќе била истражувана во 1960 и 1970, значително се променила. Иако псилоцибинот одамна е познат како опасна опојна, хипи-дрога и замена за LSD, психоделичната супстанција сега се смета за потенцијален лек за чудо.

ПРЕТХОДНА ВЕСТФејсбук и Snap се во преговори да го купат Dubsmash
СЛЕДНА ВЕСТАмазон ќе доставува пратки со дрон