„Фејсбук“ и сопственикот на „Snapchat“ разговараа за купување на „Dubsmash“, објави весникот “Information” во средата, ставајќи го во центарот на вниманието на апликациите за поп-видео во време кога „Мајкрософт“ сака да го купи ривалот „ТикТок“.

Dubsmash не беше веднаш достапен за да даде изјава, но Фејсбук соопшти дека нема да ги коментира шпекулациите на пазарот.

Веста за Dubsmash доаѓа неколку дена откако претседателот Доналд Трамп се закани дека ќе го забрани кинескиот „ТикТок“ и ќе забрани трансакции со ByteDance, доколку не постигне договор со „Мајкрософт“ за 45 дена.

Трамп му даде на „Мајкрософт“ до 15 септември да склучи договор за нацрт-план, што може да ги заштити личните податоци на Американците зачувани на апликацијата.