Home МАКЕДОНИЈА Комисијата за заразни болести ќе одлучува за можно ублажување на мерките

Комисијата за заразни болести ќе одлучува за можно ублажување на мерките

0
Комисијата за заразни болести ќе одлучува за можно ублажување на мерките

Прописот за носење маски на отворено ќе биде централна тема за дискусија на денешниот состанкот на Комисијата за заразни болести на кој ќе биде разгледана можноста за ублажување на превентивните мерки и за укинување на полицискиот час.

Надлежните очекуваат ублажување на мерките од идната недела бидејќи бројот на заразени стивнува, а вакцинирани се речиси 228.000 граѓани.

Одлуката на Комисијата ќе зависи од проценката на целокупната епидемиолошка ситуација, како и од предвидувањата и информациите за ковид-соевите кои се потенцијален ризик.

Владината група за процена, пак, вчера едногласно реши да предложи продолжување на кризната состојба на територијата на Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на ковид и спречување на ширењето на вирусот.