Програмата за инвестиции во Кипар која им озоможуваше на странците да добијат државјанство доколку инвестираатво земјата, од вчера веќе не е во сила. Програмата е на сила од 2013 година и благиодарение на неа во кипарската економија влегоа околу 8 милијарди евра.

За возврат, властите обезбедија околу 4.000 „златни пасоши“ на инвеститорите.

На вонредна седница на 13 октомври, владата ја укина програмата на предлог на министрите за финансии и внатрешни работи:

Причината за ова беше јавен скандал предизвикан од новинарска истрага која обелодени учество на претставници на кипарските власти во плановите за продажба на пасоши на криминалци. Одлуката за прекинување на КИП беше донесена еден ден подоцна.

Програмата „златни пасоши“ беше во сила од 2013 година, а за да се добие кипарско државјанство, кандидатот морал да инвестира 5 милиони евра. Во 2016 година овој „праг“ беше намален на 2,5 милиони. евра, а подоцна и на 2 милиони.
Најмногу кипарски „златни пасоши“ беа издадени во 2019 година. – 737 , а нивните сопственици уфрлиле над 1,6 милијарда евра средства во економијата.
Најголем број инвеститори се со руско потекло, а потоа оние од Кина. Најмал број се инвеститорите од Украина, Либан и Саудиска Арабија.

ПРЕТХОДНА ВЕСТПочна примената на брзите тестови за Ковид-19
СЛЕДНА ВЕСТУгостителите ќе работат до 21 часот, после тоа излегување надвор само за неопходна потреба