Претседателка на Соујзот на стопански комори Данела Арсовска, во гостувањето на „Топ тема“ на Телма истакна дека над 80% од вработените во приватниот сектор се во тешка состојба поради пандемијата.

Таа потенцираше дека фокусот во 2021 година треба да биде на борба со сивата економија и со корупцијата. Со отстранување на нелојалната конкуренција на пазарот и на оние кои не дотираат во Буџетот, рече, ќе им се помогне на оние кои се сега во тешка состојба односно над 80 проценти вработени во приватниот сектор.

– Луѓето што работат во приватниот сектор заслужуваат да им се помогне затоа што тие понатаму ќе знаат позитивно да вратат на она што сега ќе го видат како помош и заштита. Доколку тоа не се случи, оној што чесно работел и го загубил тоа што го имал – или ќе премине во сивата економија и ќе се појави даночна евазија или ќе се откаже со што ќе имаме губење на голем број работни места, рече Арсовска.

ПРЕТХОДНА ВЕСТДржавата ќе овозможи легализирање на кешот со плаќање 10 отсто данок
СЛЕДНА ВЕСТКој направи 13 милиони евра приход од леб, брашно и пецива?