Комората на хотелиери ХОТАМ реагира дека буџетот одреден од Владата за туристички ваучери од 200 евра за оваа летна сезона е премал и дека ќе го добијат само 1.250 семејства кои имаат месечни приходи не поголеми од 30.000 денари.

Хотелиерите бараат од Владата да ја преиспита одлуката за буџет од само 15 милиони денари и истиот двојно да биде зголемен. Од таму велат дека лани на располагање имало 100.000 ваучери.

– Бенефитот е нула кога ќе се земат во предвид сите давачки и пандемиските загуби од кои не можеме да дигнеме глава, гласи реакцијата на Крсте Блажески, претседателот на ХОТАМ.

Од таму додаваат дека единствената државна помош до сега  биле платите за работниците, на кои требало да се доплаќаат придонесите.

– По тоа може да се види колку пари точно се дадени од државата за помош на овие сектори,а колку се дадени за помош на други сектори кои правеле многу поголеми профити.Заради тоа беше побарано да се дадат поголем број на ваучери и вредноста на тие ваучери да се зголеми, додава Блажески.

ПРЕТХОДНА ВЕСТЗапочна отстранувањето на платформи на брегот на Охридското езеро во Струга
СЛЕДНА ВЕСТНедела ден за неделен одмор, посветени сме на унапредување на работничките права