Федералната агенција за воздухопловство на САД (ФАА) го одобри управувањето на „Amazon” со флотата за испорака на беспилотни летала „Prime Air”, објави „ITIF“.

Бидејќи пандемијата КОВИД-19 принуди милиони Американци да останат дома за да го спречат ширењето на вирусот, купувањето преку Интернет стана поважно од кога било. Особено, оние со најголем ризик се потпреа на услугите за испорака за да купат намирници, да нарачаат оброци и да купуваат други основни предмети без да влезат во физичка продавница и да ризикуваат инфекција со опасниот вирус.

„Amazon” започна со тестирање на своите беспилотни летала уште во 2013 година и аплицираше за одобрување од федералната агенција за воздухопловство (ФАА) во август минатата година, наведувајќи дека беспилотните летала (дронови) ќе испорачуваат пакети со тежина до пет килограми во области со мала густина на население.

Така, „Amazon” сака да го скрати времето на испорака во помалку населените места на 30 минути или помалку.

За да „носат нечиј имот за комерцијални цели“ со дрон во САД, компаниите мора да добијат сертификат Дел-135, кој федералната агенција за воздухопловство (ФАА) првично го создаде за чартер на авиокомпаниите, а подоцна го адаптираше за беспилотните летала (дроновите).

„Amazon” е трета компанија што го доби овој сертификат за испорака со беспилотни летала, откако Винг Авијација, подружница на Алфабета и УПС ги добија тие сертификати минатата година, но тие не ги применија значително за испорака со беспилотни летала.

ПРЕТХОДНА ВЕСТНов инвестициски бум со волшебни лековите печурки
СЛЕДНА ВЕСТAquatest чешка водечка компанија за екологија