Годината на пандемијата во Хрватска ќе биде запаметена по драматичниот пад на БДП, но и по рекордниот раст на заштедите на граѓаните, пренесува Хина. Според податоците на Хрватската национална банка (ХНБ), стапката на штедење на домаќинствата во Хрватска во 2020 година изнесувала 14,4 проценти, што значи дека Хрватите ја оставале настрана секоја седма куна заработена минатата година.

Колку е невообичаено висока оваа стапка на заштеда, покажува фактот дека го надминува повеќегодишниот просек за речиси 4 процентни поени.

Главните причини за екстремни заштеди лежат во пандемијата на коронавирус. Воведените епидемиолошки мерки го оневозможија трошењето на некои стоки и услуги, а потрошувачката дополнително се намали поради претпазливоста на самите граѓани, кои исто така ја намалија и мобилноста, според анализата на ХНБ за заштедите на домаќинствата за време на пандемијата, пренесува Тпортал.

ПРЕТХОДНА ВЕСТТопло време со натпросечни температури
СЛЕДНА ВЕСТРКЕ денес одлучува – Ќе има ли ново поскапување на горивата?