
Владата на денешната седница ќе одлучува дали ќе го усвои предлогот за измена на рестриктивни мерки.
Новиот предлог од Комисијата за заразни болести кој беше усвоен и од Главниот кризен штаб се однесува на намалување на полицискиот час.
Се предлага полицискиот час да започнува од 23:00 часот и да трае до 05:00 часот наредниот ден
Работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) да биде до 22:30 часот.