Владата денеска ќе одлучува по прашањето кое ја зовре јавноста но и бизнис заедницата крена прашина. Воведувањето на еколошка такса за горивата ќе биде во фокус на владата денеска а министерот Бесими кажа дека владата нема да ретерира за оваа одлука.
Најавата на првиот финансиер е законските измени денес да го поминат владиниот филтер а Собранието да ги изгласа до први јули, со оглед што тие одлуки е најавено дека ќе почнат да важат од први јули.
Според Бесими, еколошката такса нема да влијае на инфлацијата, и тврди дека таа ќе биде 2,1 отсто, како и дека растот ќе биде во втората половина од годината, но дека ќе биде од привремен карактер.
А додека стопанството пресметува каков ќе е конечниот ефект, премиерот Зоран Заев кој во претходните два дена ја најави и ја дообјаснуваше еколошката такса вели дека со ова нема да се подгрее инфлацијата, а Владата на ваков начин ќе ги зголеми буџетските приходи со влог во Еколошки фонд кој ќе промовира искористување на обновлви извори на енергија.
Владата денес треба да се изјасни и одлуката за намалување на ДДВ то на струјата од 18 на 5 отсто.