Њујорк ја загуби титулата светски главен град на милијардери за прв пат по седум години. Пекинг го надмина во 2020 година и доби 33 нови милијардери и сега е на прво место бидејќи во него живеат точно 100 луѓе со богатство вредно милијарда долари и повеќе, додека во Њујорк има 99.

Податоците доаѓаат од списокот на Форбс, кој покажува дека една четвртина од 2.755 исклучително богати живеат во само 10 градови во светот.

Исто така, дури 10 проценти од светските милијардери се наоѓаат во четири кинески метрополи.

Покрај Пекинг, меѓу 10-те главни градови на милијардерите се и Шангај, Шенжен и Хангжу, а на списокот е и Хонг Конг, специјален административен регион на Кина, кој е на високото трето место со 80 милијардери, пренесува РТС.

Сепак, и покрај тоа што Њујорк е на второ место, вкупното богатство на неговите милијардери е 560,5 милијарди долари, што е повеќе отколку што „вредат“ набогатите во Пекинг (484,3 милијарди долари).

ПРЕТХОДНА ВЕСТПочна министерскиот Совет на ЕУ на кој се одлучува за преговорите со С. Македонија
СЛЕДНА ВЕСТЌЕ СЕ ПРЕМИСЛИ ЛИ ВЛАДАТА ЗА ЕКОЛОШКАТА ТАКСА ИЛИ СЕПАК НЕ: Одлука денес