Аукцијата  е закажана за четврток кога и ќе се знае каква цена ќе треба да плати ЕВН хоум за струјата која ќе им ја понуди на домаќинствата наредниот период.

ЕВН Хоум го објави тендерот за набавка на електрична енергија на кој ЕСМ ќе треба да понуди 70 отсто од побарувањата сгтруја. Аукцијата е закажана за четврток кога и ќе се знае каква цена ќе треба да плати ЕВН Хоум за струјата која ќе им ја понуди на домаќинствата наредниот период.

Според методологијата за утврдување на цената на струјата за домаќинствата цената која ќе биде постигната на овој тендер ќе има најголемо влијание врз крајната цена ан струјата. Трошокот за набавка на електрична енергија при купување на струја од ЕСМ учествува со околу 43 отсто во крајната цена на струјата.

Покрај овој трошок повисоки проценти на учество во крајната цена имаат и трошокот за дистрибуција кој учествува со околу 35 отсто и маржата која учествува со околу 10 отсто. Под пет отсто во трошоците кои влегуваат во цената на струјата кон крајниот потрошувач учествуваат и трошокот за купување на електрична енергија од повластени производители, трошокот за дебаланс, потоа преносот на електрична енергија, трошокот за организирање и управување со пазарот на електрична енергија и како и давачки кои не зависат од резултатот на работењето (т.н. пренесени трошоци).

Во однос на методологијата и трошоците кои се признаваат, Регулаторната комисија за енергетика , како што деновиве изјави нејзиниот прв човек Марко Бислимоски, има влијание на околу 38 отсто од вкупно прикажаните трошоци, додека за 70 отсто од трошоците нема влијание.

Регулаторната комисија за енергетика ги прави последните анализи за тоа што ќе биде прифатено од барањата на останатите фирми од енергетскиот сектор МЕПСО и Електродистрибуција пред да ја соопшти новата цена на електричната енергија за домаќинствата.

Комисијата има можност преку фактори на корекција да им ги намали приходите на МЕПСО и ЕВН Хоме, ако тие оствариле поголеми приходи од одобрените за споредбената година.

Од Регулаторната комисија остануваат на ставот дека во процентот од крајната цена на електричната енергија во којшто има влијание и го регулира, односно 38% од крајната цена за малите потрошувачи и домаќинствата, ќе ги преземе сите законски дозволени мерки за да нема зголемување на крајната цена.

Владата најави дека и годинава нема да има зголемување на цената на струјата бидејќи ќе се намали данокот на додадена вредност за струјата од 18 на 5 отсто.

Лани Регулаторната комисија за енергетика ја зголеми цената на струјата за 7,4 отсто, а за годинава ќе се знае во текот на јули.

 

ПРЕТХОДНА ВЕСТЌЕ СЕ ПРЕМИСЛИ ЛИ ВЛАДАТА ЗА ЕКОЛОШКАТА ТАКСА ИЛИ СЕПАК НЕ: Одлука денес
СЛЕДНА ВЕСТУТРЕ ЌЕ ДОЈДАТ 100 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ НА „ФАЈЗЕР“, НА 27 ЈУНИ 500 ИЛЈАДИ НА „СИНОВАК“, НАЈАВИ ФИЛИПЧЕ