Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, во емисијата „25 минути“ на ТВ 24 вели дека предлог-законот со кој ќе се воведе еколошка такса на горивата се носи по скратена постапка поради, како што вели тој,  Парискиот договор за климатски промени.

– Мислам дека се уште не е дефинирано дали ќе оди со европско знаменце, тоа ќе видат правниците и ние тоа го прифаќаме дека така треба да биде. Меѓутоа ние сме меѓу оние земји кои треба да имаат дадено национален придонес кон Парискиот договор и затоа мислам дека не треба да се отстрани европското знаме од законот, рече Битиќи.

Вицепремиерот сепак смета дека сепак можеби требало да се одвои време за дополнителна дискусија, но рече дека со финансиските средства кои ќе се добијат од еколошката такса нивото на емисијата на ЦО2 ќе се намали за повеќе од половина.

ПРЕТХОДНА ВЕСТБродот што го блокираше Суецкиот канал конечно му е дозволено да исплови
СЛЕДНА ВЕСТФилипче: Нема ниту еден знак за можно влошување на епидемиолошката слика