Четири нови дестинации ќе бидат овозможени за летање од скопскиот аеродром до крајот на годинава, а денес ќе биде реализиран првиот лет на „Изиџет“ британска нискобуџетна авиокомпанија на релација Скопје-Женева.
Три пати неделно ќе се лета на оваа релација а првите патниците на скопскиот аердром ќе пристигнат во 15.05 часот.
„Изиџет“ е британска нискобуџетна авиокомпанија со главна база на аеродромот Лондон-Лутон. Компанијата е основана во 1995 година од страна на претприемачот Стелиос Хаџи-Јоану, кој е со потекло од кипарски Грк и британски државјанин и витез на Британското Кралство . „Изиџет“ работи во рамките на групата EasyGroup и има над двесте редовни летови до повеќе од 65 дестинации.