Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска, повторно е на чело на Асоцијација за е-трговија на Македонија, објави на Фејсбук.
„По стапувањето на функцијата Министер за финансии, сите тековни ангажмни кои ги имав беа ставени во мирување. Една од нив беше и водењето на Асоцијација за е-трговија на Македонија. Со задоволство и подеднаква пасија и посветеност кон предизвиците, растот и развојот на е-трговијата се враќам како Претседател.
Искуството дома и надвор, соочувањето со предизвиците низ годините, бавниот развој на е-трговијата и пасијата за е-трговијата како интегрален дел на дигиталната економија беа поттик за лансирањето на првата Асоцијација за е-трговија во 2017 година. За речиси три години постигнавме многу. Оваа година ја организираме третата годишна конференција за е-трговија на 25 и 26ти ноември, на тема Е-трговија & COVID-19: Предизвици и можности!“, напиша Ангеловска