Извршниот директор на Амазон, Џеф Безос, на состанокот на акционерите изјави дека на 5 јули ќе ја напушти функцијата, јави Блумберг.

Позицијата извршен директор ќе му припадне на Енди Џеси, кој сега е на чело на „Amazon Web Services“, што се чуваат на клауд. Безос ќе стане извршен претседател на компанијата и ќе се фокусира на нови проекти и иницијативи.

Уште во февруари годинава Безос објави дека ќе ја напушти функцијата извршен директор до крајот на 2021 година, но не прецизираше кога точно тоа ќе се случи.

Овој 57-годишен претприемач ја основал Амазон во 1994 година. Оттогаш, тој стана најбогатиот човек во светот. Неговото богатство се проценува на околу 177 милијарди долари.

ПРЕТХОДНА ВЕСТВо Македонија лесно може да се влезе ама потешко да се излезе
СЛЕДНА ВЕСТПравда за штедачи: Промените во банкарскиот систем да се стават во функција на обичниот граѓанин