Во Германија сега се оди во пензија со 67 години, а 17% од населението умира пред да ја достигне оваа возраст. Наспроти тоа поради пандемијата сѐ погласни се оние кои бараат оваа граница да се помести на 69 години.
Во Германија старосната граница за одење во пензија од 2012 година е зголемена на 67 година. Според актуелните податоци, постепеното зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години значи дека се повеќе луѓе умираат пред да заминат во пензија.
Во 2019 година, 17% од сите починати во Германија немаат навршено 67 години, а 14,4% не доживуваат ниту до 65.
Овој податок го сподели германското Министерство за внатрешни работи на барање на пратеничката група на Левицата, пренесува „Ноје Оснабрикер Цајтунг“.