Традиционалната годишна манифестација „Македонски квалитет“ што ја организира Сојузот на стопански комори (ССК) и годинава ќе оддаде признание на националните бренд амбасадори кои придонесуваат за развој на македонската економија и го афирмираат македонскиот квалитет во земјата и интернационално.

На свечената промоција денеска признанијата ќе се доделат согласно прецизно воспоставени критериуми. Верификувани се 10 добитници на признание за македонски квалитет.

-Во време на криза предизвикана од пандемија, позитивните примери во општеството ни се повеќе од потребни како мотивација за успех во годината што доаѓа. Оваа година со почитување на протоколите за заштита, признанијата ќе се доделат во хибридна форма, наведува ССК.

Манифестацијата „Македонски квалитет“ е под покровителство на претседателот на државата, Стево Пендаровски.

ПРЕТХОДНА ВЕСТБитолчанец најбогат во 2019, Стружанец со најголема плата, најмладиот милионер има само шест години
СЛЕДНА ВЕСТПризнание за македонски квалитет 2020 за 10 македонски економски амбасадори