Првиот човек на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов, оваа година прославува 15 години од својот почеток на позицијата Генерален Директор на оваа многу успешна компанија. Почетоците на „Алкалоид“ датираат од 15 август 1936 година, со отворањето на првиот преработувачки капацитет, во кој петнаесетина работници во два погона произведувале околу 350 кг фармацевтски суровини. Денеска компанијата брои 2.430 вработени, околу 60.000 м2 производствени погони и 20 ентитети надвор од Северна Македонија. Брендовите на компанијата може да се најдат во 40 земји ширум светот и покрива пазар од околу 200 милиони жители.
“Успехот во работењето на Алкалоид се должи, пред сè, на квалитетот на кадрите кои работат во компанијата, на квалитетот на производите, на брендот Алкалоид и на поединечните брендови кои ги имаме, а кои ги граделе генерации алкалоидовци години наназад”, вели Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје Живко Мукаетов