Светската пандемија Ковид-19 се очекува да има силно влијание врз светската економија, а следствено на тоа и врз македонската економија во наредниот период. Влијанијата ќе имаат ефект посебно врз намален обем на активности, трговија, размена и движење на луѓе и стоки. Одредени сектори како што се угостителство, туризам и транспорт се директно погодени од влијанието на кризата со вирусот.

Друштвото континуирано ги следи движењата во националаната, регионаланата и глобалната економија со цел да се добијат информации за полесно одлучување. Согласно предвидувањата за намалување на обемот на активности и пад на македонската економија до крајот на оваа година и пад на БДП за околу -3 до -4%, условите во кои ќе работи Друштвото ќе бидат изменети.

Друштвото оперира во сектор градежништво кој не е директно погоден како секторите туризам, угостителство и слични такви дејности со оглед дека истите се соочија со целосно затварање на нивните деловни активнсти, со исклучок на Хотелот Гранит во Охрид кој е директно погоден од влијанието на кризата преку целосно затварање на неговите деловни активности. Секторот градежништво во времето на екот на пандемијата продолжи да функционира но во изменети и новонастанати околности во смисла на отежнати и успорени активности пред се поради проблемите со транспорт на луѓе и стоки до соодветните објекти за градење.

Друштвото ги презема сите неопходни активности за прилагодување на новонастаната состојба и ќе настојува да ги заврши сите предвидени активности согласно плановите за градење со инвеститорите и истото во наредниот период пред се ќе зависи слободното движење на стоки и луѓе, како и ограничувањата на движење дадени од надлежните органи. Исто така од почетокот на месец Јули 2020 е отворен и Хотелот во Охрид и со самото тоа продолжува со редовни активности.