Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, кои се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во државава во моментов изнесува 1 285, а бројот на слободни болнички кревети е околу 120.

Сепак, нагласуваат од Министерството за здравство, бројките се менуваат од час во час со оглед дека се вршат приемни на нови и исписи на излекувани пациенти.

Од моментално хоспитализираните, повеќе од две третини или 826 се хоспитализирани во болниците во внатрешноста.

По градови, состојбата во внатрешноста е следна: во Битола се хоспитализирани 74 пациенти, Штип 56, Тетово 43, Велес 70, Куманово 106, Охрид 105, Прилеп 116, Гостивар 47, Струга 31, Струмица 91, Кочани 21, Кичево 18, Кавадарци 39 и Гевгелија 9 пациенти.

ПРЕТХОДНА ВЕСТСкопје и Охрид како Амстердам, да се консумира марихуана во кафулињата?
СЛЕДНА ВЕСТДоктор Жан Митрев се стави на располагање во ковид битката, но вели дека и во неговата клиника нема слободни кревети