Доктор Жан Митрев вели дека синоќа од медиумите разбрал за планот на Владата да прогласи кризна состојба и да ги вклучи и приватните здравствени институции во справувањето со епидемијата предизвикана од Ковид-19.

Тој вели дека ја поддржува секоја иницијатива за ставање на сите расположливи капацитети на располагање. Доктор Митрев вели дека на почетокот на пандемијата ставиле 40 кревети на располагање за ковид пациенти, но бидејќи ситуацијата ескалирала, и во неговата болница притисокот од нови пациенти е голем. Нема слободен кревет и има листа на чекање, која секојдневно се зголемува, вели Митрев.

Моментално 80 кревети се пополнети и имаме над 30 пациенти, кои чекаат да добијат слободен кревет. Како се отпуштаат оздравените на дневно ниво, така се пополнуваат сите кревети. Бидејќи ситуацијата е навистина сериозна, јас и целиот свој тим се ставаме на располагање да помогнеме со нашето знаење и искуство, вели д-р Митрев. Тој додава дека околу разработка на дополнителни детали стојат на располагање и очекуваат понатамошни насоки од надлежните. Потенцира дека работат со полн капацитет и оти персоналот им е веќе преморен, а дел и во изолација.

Се очекува денеска Владата да објави Уредба каде прецизно ќе биде напишано под кои услови и на кој начин ќе се користат приватните здравствени уставови од страна на државата за лекување на пациенти заболени од Ковид 19.

ПРЕТХОДНА ВЕСТВо болниците во земјава се лекуваат 1 285 ковид-пациенти, има околу 120 слободни кревети
СЛЕДНА ВЕСТФилипче денеска на средба со сопствениците на приватните клиники