Попладне министерот за здравство, Венко Филипче, ќе се сретне со сопствениците на приватни клиники во земјава, кои по прогласувањето на кризната состојба треба да бидат ставени во функција за борба против пандемијата.

Министерството за здравство не сподели детали за состанокот, но рече дека од овој состанок треба да се дефинираат протоколите за работа, начинот на прием на пациентите, нивната категоризација и начинот на плаќање.

Во моментов не е јасно како граѓаните заразени со Ковид-19 кои се примени на приватни клиники ќе плаќаат за лекувањето и колкав процент од износот ќе покрие Владата.

Кризната состојбата во траење од 30 дена се очекува да биде објавена вечерва на состанокот на Владата.

ПРЕТХОДНА ВЕСТДоктор Жан Митрев се стави на располагање во ковид битката, но вели дека и во неговата клиника нема слободни кревети
СЛЕДНА ВЕСТЗаев најавува легализација на марихуаната во угостителството и туризмот