Товарниот брод кој го блокираше Суецкиот канал во март, ги напушти египетските води во вторникот наутро, откако му беше извршена инспекциска контрола на пристаништето Порт Саид.

Апликацијата за морско следење „MarineTraffic“ го покажа бродот во Средоземното Море северно од египетскиот брег.

Еден од најголемите товарни бродови во светот продолжува да плови кон Ротердам, 112 дена откако шест дена беше заглавен во Суецкиот канал.

Бродот ја напушти локацијата каде што беше закотвен повеќе од три месеци на 7 јули, откако сопственикот и осигурителите постигнаа договор за компензација со властите на каналот.

Раководството на Суецкиот канал бараше повеќе од 900 милиони долари за компензација за спасувачката операција и другите загуби, а износот подоцна беше намален на 550 милиони долари.

Бродот не смееше да заминува се додека не се постигне спогодба помеѓу јапонскиот сопственик Шои Кисен и осигурителот на властите на каналот, кои по постигнувањето на договорот објавија дека на бродот му е дозволено да исплови на 7 јули.

ПРЕТХОДНА ВЕСТГерманските угостители се жалат на недостаток на персонал
СЛЕДНА ВЕСТДенеска е регистриран 21 нов случај на ковид-19, нема починати лица