Премиерот Зоран Заев во интервју рече дека планот за декриминализација и легализација на марихуаната е дел од поширок економски пакет со кој сака да ја стимулира домашната економија.

„Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата, постојни и нови, со почитување одредени стандарди – вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив“,

Тој додаде дека стандардите ќе бидат исти за сите и секој ќе може да аплицира.

„Верувам за мала земја, тоа може да донесе сериозен развој за угостителството и туризмот, имајќи ги посебно предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други места“,

Во тој економски пакет влегува и проектот за легализација на возила со странски таблички, легализација на готови пари и имоти, продажба на земјоделско земјиште и новиот закон за данок на имот.

ПРЕТХОДНА ВЕСТФилипче денеска на средба со сопствениците на приватните клиники
СЛЕДНА ВЕСТДо 2030 година, побарувачката на нафта ќе се намали за 70 проценти во светот