Една од најголемите платформи за трговија со криптовалути, Binance повеќе нема да може да работи во Италија, рече италијанскиот регулатор, придружувајќи им се на земјите ширум светот кои ја предизвикаа популарната платформа.
Компаниите во рамките на групацијата Binance не се овластени да обезбедуваат инвестициски услуги и активности во Италија, и покрај фактот што нејзината веб-страница нуди и информации на италијански јазик, па затоа корисниците се повикуваат да бидат крајно внимателни, изјави италијанскиот регулатор Консоб, пренесува Ројтерс.
Binance е една од најголемите платформи за размена на крипто во светот, нуди широк спектар на услуги на клиенти и им овозможува на инвеститорите да купуваат и тргуваат со крипто-валути преку Интернет. Само на италијанскиот јазик, таа платформа на услугата за пораки Телеграм, членуваат повеќе од 25.500 членови.Портпарол на компанијата не одговори веднаш на барањето да ја коментира изјавата на италијанскиот регулатор, според Ројтерс, потсетувајќи дека Binance претходно рече дека ќе соработуваат со регулаторите и сериозно ќе ги сфаќаат своите обврски за усогласување.
Во писмото до адвокатите на Binance , до коешто Ројтерс имал пристап, Консоб наведува дека според италијанскиот закон, обезбедувањето инвестициски услуги и активности без потребното одобрување е незаконска активност што е кривично казнива.
Со надзорот на секторот за криптовалути, кој расте низ целиот свет поради загриженост за заштита на потрошувачите и употреба на дигитални монети за перење пари и други криминални активности, властите на повеќе земји поставија „рампа“ за Бинанс во последните месеци.
Британскиот финансиски регулатор ги забрани активностите на Бинанс во јуни. Регулаторите во Тајланд, Јапонија, Германија и САД, исто така, ги оспорија активностите на Binance во последните месеци.
BaFin, германскиот регулатор, во април објави дека Бинанс ризикува да биде казнет за нудење таканаречени „берзански белези“ без објавување проспект за инвеститорите.