Познатите личности веќе долго време се инвеститори во стартап компании, а тие славни инвестиции го достигнаа врвот во 2019 година, кога според порталот tide.co, бројката беше 2,25 милијарди долари – скоро двојно поголема од 1,4 милијарди долари инвестирани една година порано.

Кои се славните личности кои најмногу вложуваат?

  1. Ештон Кучер
  • Вкупен број на инвестиции: 159
  • Вкупен круг на финансирање во кој тој учествувал: 3,13 милијарди американски долари
  • Просечна големина на фондот: Помалку од 20 милиони американски долари

Ѕвездата на сериите „Два и пол мажи“ и „Среќни седумдесетти“ е една од најактивните и најуспешните инвеститори меѓу славните. Според извештајот на CB Insights, Кучер инвестирал пари во стартапи како Airbnb, Bebo и Bok. Од огромниот број инвестиции, 61 од нив или 1,61 милијарди долари се инвестирани во софтверски компании.

Инвестираше и во апликации, околу 378,7 милиони долари и дигитални медиуми, околу 26,8 милиони долари. Но, гледајќи во различни сектори, Кучер инвестира во скоро сите нив, и е во првите 10 според вложениот износ.

  1. Nasir Jones
  • Вкупен број на инвестиции: 188
  • Вкупен круг на финансирање: 1,49 милијарди долари
  • Просечна големина на фондот: Помалку од 20 милиони долари

Друг голем инвеститор меѓу славните е раперот Nasir Jones. Иако инвестираше само половина од тоа што има инвестирано Кучер, Јонес „потроши“ свои 1,5 милијарди на дури 188 различни инвестиции.

Од тие инвестиции, 539,3 милиони долари се во софтверски компании. Исто така, инвестираше скоро 200 милиони долари во финансиски компании и скоро 60 милиони долари во развој на апликации.

Фондот на Jones, QueensBridge Venture Parnters инвестираше во платформи за облека како што се Тотпот и ФитМоб.

  1. Кармело Ентони
  • Вкупен број на инвестиции: 38
  • Вкупна рунда на финансирање: 1,1 милијарда долари
  • Просечна големина на фондот: 29,1 милиони долари

Десеткратен натпреварувач на Ол-стар НБА-лигата Кармело Ентони, инвестираше нешто повеќе од 1 милијарда долари. Тој не е разновиден инвеститор како Jones или Кучер, бидејки Ентони вложи добар дел од своите пари во трговијата на мало – во износ од 249 милиони долари. Инвестираше и други 172,5 милиони долари во секторите за патувања и начин на живот.

Најголемите инвестиции на Ентони се во софтверски компании. Инвестираше 337 милиони долари во девет различни фондови.

Некои од неговите инвестиции вклучуваат простор за складирање на физички лица „МакеСпејс“ и веб-страница за жени за мода „ПуреВов“.

ПРЕТХОДНА ВЕСТСкратен полициски час и олабавени мерки до вторник
СЛЕДНА ВЕСТДржавата почна да му ја исплаќа А1 Арена „Борис Трајковски“ на Град Скопје, платена првата рата од милион евра