Живко Мукаетов, генералниот директор на Алкалоид купи 500 обични акции во друштвото. Известувањето за стекнатите акции е објавено на Македонска берза.

Муакетов е претседател на Управниот одбор на Алкалоид, една од најуспешните македонски компании, а стекнувањето на акциите е уште еден позитивен сигнал за инвеститорите, атрактивноста и за успешноста на компанијата.

Алкалоид лани оствари добивка од близу 19 милиони евра, што е раст од 15 отсто во однос на лани. Во текот на минатата година реализирани се и 210 нови вработувања.

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-декември 2020 година, продажбите достигнуваат 9.188.259.186 денари, што е за 9 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 12.132.328.349 денари, што е исто така за 9 проценти повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Добрите показатели продолжија и годинава. Во првите три месеци Алкалоид има двоцифрен раст на добивката, консолидирани продажби од 3,27 милијарди денари, 58 нови вработувања во земјата и инвестиции од над 178 милиони денари. Остварената добивка по трошоци изнесува над 5,6 милиони евра.

ПРЕТХОДНА ВЕСТПоранешниот шеф на „Фолксваген“ ќе му плати 10 милиони долари отштета на концернот
СЛЕДНА ВЕСТЗаев го откри името на стратешкиот инвеститор од 500 милиони евра