Заменикот на Петре Шилегов како градоначалник на Скопје, бизнисменот Енвер Малиќи починал утринава поради компликации од Ковид-19 вирусот.
Информациите се дека десетина дена се лекувал на Клиниката за инфективни болести по што лекувањето го продолжил во „Систина“.
Малиќи на локалните избори беше избран како советник од ДУИ во Град Скопје, а градскиот татко Шилегов во 2017-та година го именуваше за заменик-градоначалник.
Малиќи беше познат бизнисмен, сопственик на „Парк Хотел Спа“, на кејот на Вардар.