Medical staff wait in front of their cabins at the vaccination point at A1 Sport Center Boris Trajkovski in Skopje, Republic of North Macedonia, 04 May 2021.The European Commission and Austria announced on the 20th of last month that a total of 651,000 doses of Pfizer vaccines will be delivered to the Western Balkan region, on a weekly basis, from early May to August. Of these, 119,123 vaccines will be for North Macedonia.

Од 9 илјади закажани термини за вакцинација против ковид-19, вчера на пунктовите низ цела земја дошле 4.500 граѓани, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Во земјава досега се вакцинирани 66.086, а пријавени се 245.287. Во вкупната бројка не влегуваат околу 15.000 граѓани кои се вакцинираа во Србија.

„Ќе се обидеме денеска да видиме и да го идентификуваме проблемот. Искрено, верувам дека одзивот нема да биде ваков и понатаму. Можеби и затоа што е прв ден, можеби затоа што е почеток на ваков систем за масовна вакцинација. Секој од пријавните граѓани ќе добие термини. Апелирам уште еднаш граѓаните да се пријават на сајтот за вакцинација“, кажа денеска министерот на најавата за реновирање на Онколошкиот оддел на Клиниката за детски болести во вредност од 125 илјади евра

Министерството за здравство претпладнево апелираше граѓаните кои добивале смс пораки за да се вакцинираат во друг град, а не каде што живеат и вчера не дошле за вакцинирање против ковид-19, треба да дојдат денеска во местото каде живеат, односно на вакциналниот пункт во нивниот град. Ова важи за сите граѓани кои и денеска или во наредните денови ќе се соочат со овој проблем.

Појаснувањето на Министерството следи откако граѓаните на социјалните мрежи реагираа дека за вакцинација добивале смс пораки за да се вакцинираат во друг град, а не каде што живеат, и дека системот Мој термин направил анализа.

„Не е потребно граѓаните повторно да се пријават ниту на вакцинација.мк ниту кај својот матичен лекар, доволно е кога ќе дојдат на вакциналниот пункт да ја покажат пораката која ја добиле односно каде пишува дека вчера имале термин за вакцинација“, вели Министерството.

Освен салите за масовна вакцинација во Скопје, Куманово, Охрид, Штип, Кавадарци, Тетово и Битола, вакциналните пунктови работат и во здравствените установи во Струмица, Прилеп, Гостивар, Кичево, Струга, Велес, Кочани, Дебар и Гевгелија.

ПРЕТХОДНА ВЕСТБуџетскиот дефицит на Србија изнесува 23,5 милијарди динари во првиот квартал
СЛЕДНА ВЕСТНиколовски: Борбата против корупцијата и криминалот, е меѓу највисоките владини приоритети во рамката „Акција 21-европски стандарди дома”