Германскиот синџир „Лидл“ ќе отвори осум маркети во неколку града во Македонија. Вредноста на инвестицијата е 300 милиони евра, а во тек се преговорите за локациите. Инвеститорот ќе има обврска да откупува и продава и македонски земјоделски и кондиторски производи што ќе се пласираат во сите маркети на „Лидл“ во југоисточна Европа.

Ова вчера го изјави премиерот Зоран Заев како дел од новиот инвестициски циклус. Првата инвестиција ќе биде во откупно-дистрибутивниот центар во Скопје.

„Лидл“ ќе отвори и неколку маркети во Скопје и во уште седум други града, рече Заев.

ПРЕТХОДНА ВЕСТЗатегнати економски односи меѓу ЕУ и Швајцарија? Истекуваат договорите со кои на алпската земја и се дава повластен статус
СЛЕДНА ВЕСТКризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата – олабавување на мерките од 1 јуни