Владата на вчерашната седница донесе заклучот да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат” – Скопје да го избере Самка Ибраимовски за в.д. заменик директор.

На вчерашната седница Јован Деспотовски е разрешен од должноста директор на Фондот за иновации и технолошки развој. Костадин Петров е именуван за в.д. директор на Фондот за иновации и технолошки развој на предлог на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој. Јован Деспотовски го именуваше за в.д. директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони.

Бесник Елези го именуваше за в.д. заменик директор на Агенција за храна и ветеринарство. Томе Спировски го разреши од должноста директор на Државниот просветен инспекторат. Ардиан Муслиу го именуваше за в.д. директор на Државниот просветен инспекторат.