Home МАКЕДОНИЈА Попишани вкупно 800.008 лица

Попишани вкупно 800.008 лица

0
Попишани вкупно 800.008 лица

Вкупно 800 008 лица, 249.500 домаќинства и 336.109 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193 168 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.