Повеќе од 100 милијардери и милионери ги повикаа политичките лидери на Светскиот економски форум да ги оданочат богатите за да соберат средства за да помогнат во глобалното економско закрепнување од пандемијата.

Не е секојдневие богатите луѓе бараат од владите да ги оданочуваат. Но, група од 102 ултра-богати поединци, или „Патриотските милионери“, како што се нарекуваат себеси, го направија токму тоа.

Во отвореното писмо до виртуелната „Агенда на Давос“ на Светскиот економски форум, милионерите рекоа дека „сегашниот даночен систем не е фер“ и дека е „намерно дизајниран да ги направи богатите уште побогати“.

„Светот – секоја земја во него – мора да бара од богатите да си го платат својот дел“.

Организацијата го осуди недостатокот на активности преземени на глобалниот форум, кој ги собира шефовите на држави и влади, бизнис лидери, организации и граѓанското општество на состаноци, на обраќања и панели во Женева во Швајцарија.

„За сите безброј часови поминати во разговор за правење на светот подобро место, конференцијата даде малку опиплива вредност среде порој од самочеститки“, рече организацијата, чии членови ја вклучува и наследничката на Дизни, Абигејл Дизни.

Наместо овие „приватни разговори“, групата предложи данок на богатство за кој велат дека може да помогне во финансирањето на вакцините ширум светот, да извлече 2,3 милијарди луѓе од сиромаштија и да обезбеди универзална здравствена заштита на 3,6 милијарди луѓе во земјите со пониски приходи.

ПРЕТХОДНА ВЕСТЃоковиќ го враќа ударот – ја тужи Австралија за шест милиони долари!
СЛЕДНА ВЕСТЕВРОПСКАТА УНИЈА ПРЕД ЗАБРАНА: Ископувањето на криптовалути закана за енергијата од обновливите извори