Тројца полицајци се убиени, а четвртиот е ранет во пукотница што се случила рано утрово во централна Франција, во комуната Сент Жист во регионот Пи Дум.
Француските полициски лидери потврдија дека тројца полицајци биле убиени во пукањето, а друг бил ранет.
Убиството, како што објави „Ле Фигаро“, го извршил „лудак“, ноќта од вторник до среда.
Полицајците биле убиени од 48-годишен маж, кога се обиделе да ја спасат жената која се криела на покривот од куќата од напаѓачите.
Набргу по полноќ, двајца жандарми одговориле на повикот на една жена која била жртва на семејно насилство.
Само што се приближиле до куќата, еден маж пукал кон нив. Еднит од полицајците е убиен на самото место, а другиот бил ранет во бутот.
„Лудиот“ напаѓач потоа ја запалил својата куќа и пукал во жандармите кои во меѓувреме пристигнале како засилување. Во овоја напад тој убил уште двајца жандарми.
Потоа, француските специјалци (ГИГН), кои во моментот се на теренот, излегле на местото на настанот.