Влијанието на еврото на меѓународните пазари за валути ослабна и забележа најголем пад за 18 месеци, додека доларот забележа зајакнување бидејќи инвеститорите не сакаа да преземат ризик по најновите ескалации на напнатоста во односите меѓу Кина и САД.

За време на синоќешното тргување еврото за момент достигна највисоко ниво во последните 18 месеци и се продаваше за 1,1547 долари, откако челниците на земјите членки на Европската унија постигнаа договор за неопходниот пакет помош за поттикнување и опоравување на економијата погодена од корона кризата. Но, откако утрово се зголеми напнатоста во американско – кинеските односи, неговото влијание се намали на 1,1521 долари.

Индексот на Доларот, кој ја покажува вредноста на оваа валута во однос на останатите шест највлијателни светски валути во овие околности зајакна за 0,2 отсто достигнувајќи 95,292 бодови, но се задржа до неодамна најниското ниво за временски интервал од четири месеци.

Прочитајте и… ЈП Водовод и канализација повторно апелира за разумно и рационално користење на водата
Во изминатите 24 часа инвеститорите ризикуваа, но нивниот интерес се промени утрово откако кинеското министерство за надворешни работи објави дека САД на 21. јули побарале од Кина да го затвори конзулатот во Хјустон. Од Пекинг испратија силна осуда за ваквиот чекор и најавија противмерки.

Доларот за време на претходните тргувања беше притиснат и од загриженоста на инвеститорите дека договорот за новиот американски пакет со фискални поттикнувања би можел да доцни.

Влијанието на кинескиот јуан исто така забележа опаѓање во однос на доларот на странските пазари под влијание на најновите ескалирања на напнатите односи на 7,0028 јуана за долар.

– Сето ова се случува бидејќи дојде до уште поголемо затегнување на односите меѓу САД и Кина. Тоа додаде масло на огнот, изјави Кристи Тан, валутен аналитичар во Националната банка на Австралија.