Министерот за здравство Венко Филипче изајви дека болничките капацитетите сé повеќе се исполнуваат.
„Многу е важно граѓаните да ни помогнат со почитување на сите мерки за заштита. Ако уште многу трае оваа динамика нема да може да издржиме. Ќе се преполнат болниците, ќе недостасуваат и кревети и медицински кадар. Сите сме во оваа битка. Само заеднички може да си помогнеме. За себе и за сите околу нас“, вели Филипче.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47636, бројката на оздравени пациенти е 27803, на починати е 1345, а бројот на активни случаи изнесува 18488