Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе одлука за нови цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цената на горивата повторно се зголеми, бензините и Екстра лесното масло за домаќинство поскапеа за 1 денар, а дизелот за половина денар.

Актуелните цени на горивата се следни:

ЕУРОСУПЕР БС-95 – 69,50 денари по литар

ЕУРОСУПЕР БС-98 – 71,50 денари по литар

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – 62,00 денари по литар

Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 62,00 денари по литар

Во последните 14 месеци цената на нафтените деривати вртоглаво се зголемила, цената на бензинот се зголемила за 21,5 денари, додека на дизелот за 17 денари.