Испорака од половина милион дози на кинеската вакцина Синовак пристигна вчера во Македонија, што ќе овозможи продолжување на масовната имунизација во земјава, која беше забавена во последните неколку недели поради недостаток на вакцини.

 

Вакцините пристигнаа на скопскиот аеродром, во два авиона.

Македонија во саботата доби преку 100.000 дози вакцина Фајзер-Бионтек, преку програмата Ковакс.

Македонија се бореше против недостигот на вакцини и масовната имунизација започна на почетокот на мај, откако во земјава пристигна 200.000 кинески вакцини Синофарм.

Досега, скоро 25% од вкупно 2,1 милиони жители на Македонија примиле барем една доза.

Епидемијата на коронавирус драстично забави овој месец, па властите одлучија да ги укинат скоро сите наметнати ограничувања. Укинат е полицискиот час, баровите и рестораните можат да организираат прослави со 50 проценти од капацитетот, а заштитните маски се задолжителни само во затворен простор.

Здравствените власти забележаа само четири нови случаи во неделата. Досега се потврдени 155.600 случаи на ковид19 во Македонија, како и скоро 5.500 смртни случаи.

Како гест на благодарност за неколку донации на вакцини и бесплатна вакцинација на граѓаните од Македонија во соседна Србија, властите во Скопје одлучија да не им наплатуваат патарина на српските туристи кои патуваат во Грција на одмор до 15 август.

ПРЕТХОДНА ВЕСТМалите и средни претпријатија се клучот за побрзо економско закрепнување
СЛЕДНА ВЕСТГоривата од полноќ со нови цени