Највредната американска компанија нотирана на берзата ги зголеми прометот и профитот на досега никогаш недостигнати нивоа – и покрај или токму поради корона-кризата

Што се однесува на прометот, Епл за првпат ја надмина границата од 100 милијарди долари – и тоа значително. Претходно, само ова  во САД им успеало само концернот на супермаркети Волмарт и на нафтената компанија Ексон Мобил.

Со точно 111,44 милијарди долари, прометот на Епл е за 21 процент поголем отколку во божиќниот квартал претходната година, објави технолошкиот концерн. Добивката, пак, се зголемила за 29 проценти на 28,7 милијарди долари – исто така рекорд за американската компанија.

Профит поради коронавирусот

Во светски рамки, повеќе луѓе посегнуваа по уредите со симболот на згризнато јаболко, кои очигледно сакаа да ја надградат својата технологија со оглед на карантинот поради пандемијата и трендот на работа од дома.

ПРЕТХОДНА ВЕСТЕвро-азиската економска унија формира заеднички пазар на нафта и гас
СЛЕДНА ВЕСТНационалната платформа за женско претприемништво ќе делува за одржлив економски раст