Home ИНТЕРЕСНО Србија во четврток го укинува ПЦР тестот за македонските граѓани

Србија во четврток го укинува ПЦР тестот за македонските граѓани

0
Србија во четврток го укинува ПЦР тестот за македонските граѓани

Од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји. Ова, во телефонски разговор српската премиерка Ана Брнабиќ денеска го информирала премиерот Зоран Заев.

За време на разговорот, со честитките за успешна 2021 година, беа изразени и желби и интерес за уште подлабока соработка меѓу владите и народите на двете земји во новата година.