Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи вчера попладне ќе отпатува во Цирих во тридневна службена посета на Швајцарија.
Битиќи, како што информираат од неговиот Кабинет, за време на работната посета на Швајцарија ќе оствари средби со претставници од политичкиот и економскиот живот во земјата, при што ќе бидат презентирани можностите и предностите за инвестирање во Република Северна Македонија пред швајцарски компании и ќе бидат разменети искуства во однос на развојот на старт-ап еко-системот