Со панел дискусијата „Јасни правила и дефиниции за подобни инвестициски трошоци и поефикасен систем за исплата и следење на државната помош”, Дирекцијата за ТИРЗ од денеска ја почнува серијата дебати со бизнис заедницата, а целта е унапредување на услугите и можностите за инвестирање.

На првиот панел ќе се обратат директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, претседател на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер, како и петседателот на Асоцијација на странски компании со технолошко напредно производство, Виктор Мизо.

Според ФИТР, сите конкретни предлози од оваа дебата ќе бидат анализирани и вклучени во унапредување на законската регулатива за поефикасен систем за исплата и следење на државната помош и ќе бидат содржани во упатство кое ќе го изработи меѓународната ревизорска куќа ПрајсвотерхаусКуперс. мч/скс/

Скопје, 16 јуни 2021 (МИА)