Најважната криптовалута биткоинот порасна над нивото од 15.000 долари, што е негово највисоко ниво од јануари 2018 година.

Станува збор за дневен скок од речиси 9 отсто, на 15.223 долари, за што аналитичарите сметаат дека е последица на неизвесноста околу американските избори.

„Создавањето на биткоинот делумно беше поради стравовите дека зголемениот фискален поттик ги девалвира валутите на глобално ниво“, рече Симон Петерс, аналитичар за криптоасетс на инвестициската платформа еТоро.

Додаде дека како резултат на тоа, кога централните банки ќе најават крупни планови за вбризгување на пари во економиите, многу вложувачи во крипто заедницата тоа го сфаќаат како главен сигнал за купување на биткоини.

ПРЕТХОДНА ВЕСТОд денеска почнува исплата на правата од социјална заштита за октомври
СЛЕДНА ВЕСТРКЕ ќе претседава со Балканскиот советодавен форум