Од денеска странските и македонските граѓани ќе треба да имаат сертификат за имунизација, негативен ПЦР тест или доказ дека неодамна прележале ковид-19. Според одлуката на Владата, од 1 септември, Македонците и странските државјани ќе можат да влезат во Северна Македонија доколку поднесат потврда за вакцинација или потврда за прележан ковид-19 45 дена од денот на заздравувањето или негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Вкупно 37 починати и 870 новозаразени со ковид-19

Граѓаните на Северна Македонија кои се враќаат во земјата по 1 септември и немаат ниту еден од овие три документи, ќе бидат ставени седум дена во домашна изолација. Странските државјани кои транзитираат низ Северна Македонија ќе можат да поминат во рок од пет часа, а претходно потпишаната изјава за влез да се достави до граничната контрола.

ПРЕТХОДНА ВЕСТПосле една и пол година, учениците се враќаат во училиштата
СЛЕДНА ВЕСТСЗО СО ГОЛЕМ ИНТЕРЕС СЛЕДИ НОВ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ НАРЕЧЕН МУ