epa08520646 A view of cars going through the 'Evzoni' border crossing between North Macedonia and Greece, near the southern city of Gevgelija, North Macedonia, 01 July. Greece reopened the Evzoni border crossing with North Macedonia to EU citizens and from 14 other countries which are on a list approved by EU authorities. All travelers arriving to Greece are required to fill a Passenger Locator Form (PLF) at least 48 hours before check-in. The form is part of the country's planning for protection against the coronavirus disease (COVID-19) pandemic and will allow authorities to create barcodes for travelers so that testing of new arrivals can be targeted. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Поради штрајк на грчките цариници, граничниот премин Евзони од 05:00 часот на 17 февруари до 08:00 часот на 18 февруари 2021 година ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи по добиената информација од колегите од Република Грција.

Исто така, информираат дека товарниот сообраќај на граничните премини Деве Баир и Ќафасан, кој беше во прекин, од денеска е нормализиран.