Migrant labourers work on a construction site on October 3, 2013 in Doha in Qatar. Qatar, the 2022 World Cup host is under fire over claims of using forced labour. Global football's governing body FIFA kicked off a crunch meeting behind closed doors, amid claims of rights abuses by Qatar and wrangling over plans to hold the tournament in the winter. AFP PHOTO / AL-WATAN DOHA / KARIM JAAFAR == QATAR OUT = (Photo credit should read KARIM JAAFAR/AFP/Getty Images)

Во периодот јануари‒декември 2020 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 211 913 илјади денари, што е за 31,1 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според податоците на ДЗС, во текот на 2020-та градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 162 755 илјади денари, што е за 42,7 проценти помалку во споредба со истиот период од 2019-та година.

Во Германија се извршени градежни работи во вредност од над 90 милиони денари, во Црна Гора од приближно 30 милиони денари, во Босна и Херцеговина од близу 20 милиони денари, а во вредност од 10 милиони денари во Косово.

ПРЕТХОДНА ВЕСТВо јануари зголемени трошоците на живот и цените на мало на годишно ниво
СЛЕДНА ВЕСТГП Евзони во среда и четврток ќе биде затворен поради штрајк на грчките цариници