Пречките во глобалниот транспорт што ги зголемија трошоците за превоз и предизвикаа метеж во пристаништата нема да се решат оваа година, проценува шефот на пристанишниот оператор во Дубаи, DP World, кој се соочува со одложувања, но не и со преоптоварени терминали.

Тесните грла во снабдувањето поради пандемијата и неочекуваното брзо закрепнување на побарувачката дополнително ќе го влошат проблемот со глобалниот недостиг на контејнери, проценува султанот Ахмед бин Сулејем. „Навистина не мислам дека ќе се реши оваа година“, рече водачот на DP World за Ројтерс.

Тој додава дека не може да предвиди кога ќе завршат проблемите, но навестува дека тоа може да се случи следната година „штом повеќето луѓе се вакцинираат“. „Сите наши пристаништа имаат доволно капацитет, така што немаме проблеми со складирањето“, рече тој.

Поради недостаток на контејнери, цената на превозот нагло порасна, а Бин Сулејем тврди дека DP World не се обидува да ја искористи ситуацијата и дека нејзините цени останале горе -долу исти.

DP World, државна компанија во сопственост на Обединетите Арапски Емирати, е еден од најголемите пристанишни оператори и работи со 90 терминали ширум светот, од Јужна Америка до Африка. Исто така, обезбедува низа логистички услуги, како што е складирање.

Во вториот квартал, забележа зголемување на обемот на сообраќај со контејнери за 17,6 проценти.